Сообраќајна несреќа на патот Свети Николе – Куманово: Повредени неколку лица, пожарникарите извлекувале патници од возилата

На патниот правец Свети Николе – Куманово синоќа се случила сообраќајна несреќа во која биле повредени неколку лица, информираат од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе.
Интервенцијата била реализирана на 19 јуни во 21:02 часот, кога на местото на несреќата било испратено едно противпожарно возило. Пожарникарите учествувале во спасувачката акција, при што извршиле извлекување на повредените лица од возилата.
По укажаната прва помош на терен, повредените биле предадени на екипите на Итната медицинска помош за понатамошен третман и транспорт до здравствена установа.
Од Пожарна Свети Николе апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, со цел да се намали ризикот од сообраќајни незгоди и да се заштитат човечки животи.