Сончевата есен при крај, од понеделник чадор и јакна

Сончевата есен брои последни денови – од понеделник чадор и јакна, синоптичарите најавуваат дожд. До крајот на неделата ќе преовладува стабилно и суво време, со посвежи утра и услови за утринска магла, информира дежурниот синоптичар Марија Цветковска-Атанасова. Температурите преку ден ќе останат речиси непроменети, па викендот ќе помине во пријатно есенско време. Но, од понеделник попладне облаци и врнежи ќе пристигнат од запад, а веќе во вторник дожд ќе има низ целата држава. Сончевите денови се при крај, следува нова промена на времето.

,,До крајот на неделата не очекува стабилно и суво време, со постудени утра и услови за утринска магла. Дневните температури ќе бидат без значителна промена. Веќе од понеделник од попладневнтие часови во западните делови, а во вторник веќе и низ целата држава не очекува повторно дожд.“, рече Цветковска-Атанасова

Иако од понеделник целата држава ќе биде зафатена со нестабилно време, пропратено со дожд, сепак синоптичарот Цветковска-Атанасова потенцираше дека драстичен пад на температурите нема да има.

,,Teмпературите ќе бидат во просекот за овој период од годината. Драстичен пад на температурите не се очекува.“, додава Цветкова-Атанасова

На вакви променливи временски услови, особено лекарите апелираат до хронично болните лица, децата и повозрасните да бидат внимателни. Редовно да ја примаат својата терапија, да внесуваат доволно течности, се со цел да не дојде до несакани последици. Потенцираат, доколку имаат било какви промени да ги посетат матичните лекари. Инаку и индексот на квалитетот на воздух денес изнесува 52 ниво слабо.

Воздухот достигна високо ниво на загадување и е штетен за здравјето кај чуствителните групи. Oд наделжните инститции апелираат граѓаните да го намалат времето поминато надвор, ако чувствуваат симптоми како што се отежнато дишење или иритација на грлото.

Иван Митев, М-Нет