Соколи со важна победа се израмнува на врвот во Втората кошаркарска лига, откако фаворитот Маџари загуби неочекувано од Бутел!

Одново се разгорува битката за првите места во Втората кошаркарска лига, откаок во рамки на 20. коло екипата на Маџари неочекувано загуби на гостувањето кај Бутел со 78:67 со што сега ваквиот кикс на фаворитот прави ново израмнување на табелата.

Соколи со тесни 77:79 го добија вториот тим на МЗТ Скопје, па сега кошаркарите на штипскиот клуб имаат ист број на бодови како и Маџари и Ангели, кој пак го доби „фенерџијата“ Работнички 2018 со 66:101.

Мега Баскет на домашен терен загуби од ланскиот прволигаш Охрид со резултат од 70:77, а пак Водно Санс со убедливи 104:69 го декласираше тимот на Струмица.

Колото ќе се затвори вечерва со натпреварот во Струга меѓу Црн Дрим и Борец Баскет од Велес.

Во однос на табелата екипата на Ангели со 36 бодови е прва, а толку има и Маџари кој е втор и Соколи од Штип кој е трет. На дното е Работнички 2018 со 22 бодови на своето конто.

Александар Ванев, М-Нет