Соколи од Штип и Струмица израмнети, Вардар единствен непоразен тим во Првата кошаркарска лига

Екипите на Струмица и Соколи се израмнети на врвот во групата Б на Првата кошаркарска лига со тоа што двете екипи имаат единтичен учинок од пет победи и еден пораз и со по 11 бодови го делат врвот.

Бутел пак со Борец Баскет со по десет бодови го дели третото место односно имаат учинок од четири победи и два порази, а пак на петтото место е Овче Поле од Свети Николе со осум бодови на своето конто.

Струмица Ролинг е шеста со седум бодови, а на дното е Спортисимо со шест бодови, единствен тим кој нема триумф односно има шест порази од толку натпревари.

Во однос на групата А таму пак непоразен лидер е Вардар со шест победи на толку натпревари и максимални 12 бодови, Мега Баскет е втор со 11 бодови, а пак Охрид е трет со десет бодови.

Водно Санс ја држи четвртата позиција со девет бодови, Црн Дрим е петти со осум бодови, а пак Тетекс е претпоследен со седум бодови, на дното е Младинец како единствен тим без позитивен резултат односно шест порази од толку натпревари.

Александар Ванев, М-Нет