
Во првите пет месеци од оваа година собрани се 23,6 милиони евра од наплата на патарини што значи дека е многу зголемена во однос на минатата година истиот период.
Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава – велат од Јавното претпријатие за државните патишта (ЈПДП).
Според податоци од ЈПДП минатата година ја завршиле со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, за 100 проценти повеќе споредено со 2020 година кога наплатата изнесуваше 34 милиони евра. Во 2021 година по тој основ беа инаксирани 46 милиони евра, а во 2022 година 53 милиони евра.Отаму велат дека системот на еден „таг“ функционира многу добро со што се регистрирани 1864 корсисници. Податоците на ЈПДП покажуваат дека системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија, што е оперативен од крајот на јуни лани, досега има 1864 корисници.
Од ЈПДП велат дека еден таг во двете држави го користат преку 1800 иматели на тагови, или поточно 1864 корисници. Во периодот откако започна функционалната операбилност, секојдневно се користи и над 21 милион денари се наплатени од користење на српски тагови во Македонија.
Податоците покажуваат дека трендот на користење на електронските уреди се движи по нагорна линија и веќе се искачи на 30 проценти, односно според ЈПДП, граѓаните почнуваат да ги сфаќаат придобивките од брзо и ефикасно поминување на наплантите станици со М-кард и М-таг. На наплатните станици на кои функционира електронската наплата, учество на електронските уреди се движи од 28 проценти до 40 проценти.
Електронскиот систем за наплата на патарини во државава беше воведен во јули 2019 година.
Скапи патарини, алоши патишта посочиа и штипјани за М-Нет трелевизија кои велат дека не треба да се укинуваат но да се намалат нивните цени. Патарините се скапи, но за да си ја извршат својата обврска мораат да патуваат без разлика за тоа колку ќе платат.
Децидни дека едно патување чини многу, плаќањто на патарини е околу 500 денари во двата правци, а и горивото е плус трошок кој ги оштетува граѓаните.
Лаура Стојанова, М-Нет