
Штип може да биде горд на младите спортисти, кикбоксерите на Гладијатор Фајт од „Гранд При Сараево“ се вратија со три златни и два сребрени медали.
До златни медали стигнаа Антонија Тасева во конкуренција -65 килограми кик лајт, Леонтина Миткова јуниор -65 килограми кик лајт, како и најмладиот член на клубот Максим Иванов.
Сребрени медали освоија Антонио Тасева во конкуренција -60 килограми кик лајт, како и Петра Долдурова во конкуренција -65 килограми кик лајт, додека пак Јован Јанковски не успеа да се пласира за медал.
Ова е уште еден голем успех за штипскиот клуб постигајќи значајни резултати и освојувајќи медали на меѓународната сцена, овој пат во Босна и Херцеговина.
Александар Ванев, М-Нет