
Со топол чај, печени колачи и празнични песни што ја будат магијата на зимата – викендов започнува Божикниот маркет во продажниот салон Аџико во Штип
И не само во градот под Исарот, оваа магија ќе се пренесе и во салоните во Гевгелија, Куманово и Скопје. Светкави елки, блескави лампиони, шарени украси и безброј детали кои внесуваат топлина, радост и дух на празници во секој дом.
Во магијата на празничниот викенд, посетителите ќе можат да уживаат не само во убавата атмосфера, туку и во ексклузивните клубски попусти од 20 до 50% на целиот новогодишен асортиман и тоа во продавниците и на веб-страницата adziko.mk.
Од најраскошните елки до најситните украси, од топлите светилки до празничните свеќи – АЏИКО нуди сè што е потребно за домот на граѓаните да блесне во новогодишен сјај.
Празничниот викенд ќе биде исполнет со мириси, вкусови, насмевки и радост, а секој агол на АЏИКО ќе раскажува своја празнична приказна.
Од таму вработените упатија покана до сите граѓани да го посетат нивниот салон во Штип за да ја почувствуваат топлината на предстојните празници. Како што велат месото каде што секој украс има своја приказна, а секој момент блеска со радост.
Иван Митев, М-Нет