
Се собираат растенија и се ставаат на портите, на врати од автомобилите, граѓаните во Штип со стари обичаи се подготвуваат за празнувањето на празникот Ѓурѓовден. Пред камерите на М-Нет телевизија велат дека обичаите и адетите од минатото се практикуваат и денеска. Гранче од врба треба да се стави на секоја порта велат, но треба да се внимава дрвото да не е жално. На разни начини, со различни обичаи и адети се подготвуваат за утрешниот празник.
„Јас сум од село, многу убаво беше, беревме билки ги ставаме на портата, на бутимот ќе направеме црвена машна, ќе заградиме. Како девојчиња правевме мост. На појасот се става лепеш, момите и ергените да се лепиле.“ – велат граѓаните.
Празникот Ѓурѓовден секоја година се празнува на 6 мај. Ова е еден од најголемите празници во пролетниот циклус, а неговата основа е празнувањето на природата, растителноста и животот воопшто.
Лаура Стојанова М-Нет