
Од денес за православните верници започнува Богородичниот пост, кој е посветен на Успение на Пресвета Богородица. Постот е во времетрање од две седмици и во него најважна е своеволната молитва, љубовта и смиреноста пред мајката Божја, која е застапница и мајка над сите. Постот се почитува повеќе од повозрасните, велат граѓаните на Штип и истакнаа дека некогаш овој пост се одржувал во така нареченото тремерење.
“Почитуваат некој, додека други не. Ние си постиме и има се. Пипер, патлиџан, грав, ориз, риба, се има, за постот се има, за мрсното немаме многу“, истакнаа граѓаните
“Постат, зависи кој како, некој јаде по посно, некој не толку. На пост треба да се тремери, како старите некогаш што се тремериле.“ , велат граѓаните
Од страна на православната црква го блaгословуваат строгиот пост и истакнаа дека треба да се пристапи со смирение, молитва и љубов спрема Бога.
„Од денес започнува Богородичните пости , установени во чест на празникот Преображдение Христово и Успение на Пресвета Богородица. За постот да се започне не треба ништо посебно, потребно е волја и љубов спрема Бога, бидејќи постот на нас христијаните ни е должност. Доколку постот има потреба да биде ублажен, тогаш се бара благослов од нашиот духовник во рамки на нашите можности, доколку има потреба постот да биде ублажен. Ние како свештенство апелираме дека примарен не е постот односно воздржување од храна, туку пред се треба да обратиме многу повеќе внимание на духовната димензија од постите, а притоа нашата молитва да биде засилена, а добрите дела да бидат изразени и нашата молитва да излегува и од нашиот двор и да се молиме за нашите ближни. Богородичниот пост е најмал и трае две седмици, но е строг од понеделник до петок не се употребува масло, тоа е строг пост, сабота и недела се употребува масло и вино, а на големиот празник Преображденије се препорачува и употреба на риба.“, вели Арсовски
Во суеверието на народот, строгите пости во православната Христова вера се разделени на три дела, бидејќи истиот треба да е многу долг. Во ваквата ситуација Господ Исус Христос ги разделува на три дела и тоа за празникот Божик, Велигден и Успението на Пресвета Богородица, имајќи милост на луѓето.Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите. Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава.
Лаура Стојанова, М-Нет