
Во период од 27 до 29 септември во Кочани ќе се одржи 33 манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. Во таа чест Општина Кочани планира да организира Избор на жетварска убавица – уметнички перформанс. Со цел да ја промовира убавината и улогата на жената во традицијата на оризопроизводството.
Општина Кочани обезбедува високи награди за жетварската убавица и двете придружнички. Објавен е јавен повик на кој можат да се пријавуваат девојки од Општина Кочани на возраст од 15 до 20 години, кои ги исполнуваат критериумите од повикот.
Сите заинтересирани можат да се пријавуваат до понеделник, 19 август 2024 година.
Според интересот за учество во уметничкиот перформанс, ќе биде организирана и манифестацијата, а победничките во изборот ќе бидат дел од севкупната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.
Манифестацијата Денови на кочанскиот ориз со својот меѓународен предзнак е повод за нови пријателства, преку гостувањата на официјални општински, стопански и културни делегации во времето на собирањето на родот од кочaнските полиња. Целта на целата организација е да потсети на далеку познатиот квалитет на кочанскиот ориз и да се даде поддршка во неговиот пласман во и надвор од границите на државата.
Лаура Стојанова, М-Нет