
Со ситно заштедени пари штипјани го завршуваат март, април носи нови грижи. Сега сите чекаат цените да се намалат, младите да испланираат одмор или патување, повозрасните да заштедат повеќе. Иако ситуацијата во светот не е најдобра, сепак пензионерите се радуваат, оти од утре на сметка имаат дополнително 100 денари. Во време кога цената на нафтата нагло расте, како и цените на основните производи, дел анкетирани тврдат дека тешко се штеди, други дека со малку мерак може. Се чини дека штедењето стануваат тема број еден во секое штипско семејство.
Кога се во прашање минималните месечни примања, анкетираните тврдат дека под 30 000 денари, на овие цени, не би требало да бидат.
Согласно ситуацијата, пензионерите од утре добиваат повисоки пензии за 1000 денари. Ова им беше ветено уште во октомври минатата година, кога тогаш земаа исто 1000 денари зголемување. Покачување на пензиите имаше и наназад.
Иван Митев, М-Нет