Со свеќа во рака и молитви за здравје, штипјани денеска го слават Иванден

Со пресна погача за благослов, запалена свеќа за светлина и молитва за подобро утре, верниот народ денеска го слави Иванден, празник посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител, еден од најпочитуваните светители во христијанската вера. Со надеж во срцата верниците во Штип денеска се молат за здравје, мир и благосостојба за нив и нивните блиски. Велат нема ништо поважно во денешницата човека да биде здрав, среќен и благословен од Бога.

Кога е во прашање минатото и обичаите, повозрасните велат дека на овој ден се берат иванови цвеќиња, симболи на здравје беркит и духовна обновеност.

На Иванден именден празнуваат сите што го носат името Иван, Иванка и нивните изведени форми. Празникот е посветен на Свети Јован Крстител, познат како Претеча – пророкот кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и го крстил во реката Јордан. Неговото име и дело со векови се почитуваат како симбол на верата, смирението и духовната сила, а Иванден останува еден од празниците што најсилно ги чуваат традицијата и народната вера.

Иван Митев, М-Нет