Со ревија, шоу и разни инсталации во понеделник во 19 часот започнуваат штипските модни денови

Со модна ревија во понеделник на 30 септември започнуваат Штипските модни денови. На настанот ќе се престават компании, присутните ќе имаат можност да проследат ревии од студенти под менторство на нивините професорки, а ќе има и шоу. Настанот е целосно финансиран од страна на Општина Штип, а со цел развој на локалната економија.

„Овој настан е финансиран од страна на Општина Штип, а целта е да се мотивоираат младите луѓе и помалите компании да создаваат свои брендови, со цел поголем развој на локалната економија. На настанот ќе имаме можност да погледнеме пет компании, ревии на студенти под менторство на професорки од УГД и отворањето ќе се случи во соработка со „Гласен текстилец“. И на отворањето ќе има ревија и шоу“ – вели Шорова-Ангелова.

Се она што нема да се види како ревија ќе биде проследено преку инсталации кои ќе бидат поставен на влезот во објектот каде ќе се реалзира настанот. Свои инсталации ќе имаат и средношколците од СОУ „Димитар Мирасчиев“, како и студентите од теничко технолошкиот факултет.

„Освен модните ревии сите гости при влегувањето ќе имаат можност да погледнат неколку инсталации. Една од нив е од студентите од технолошко – техничкиот факултет, поточно се она што нема да го видиме на модна ревија ќе го видиме во вид на инсталација на влезот на објектот. Инсталации ќе има и од средношколците од СОУ „Димитар Мирасчиев“ и ќе погледнеме една доста интересна инсталација на една млада дизајнерка која ќе има можност пред сите присутни да ги покаже нејзините креации.“ – вели Шорова – Ангелова.

Настанот е од отворен карактер. Трите дена на 30 септември, 1 и 2 октомври наснатите започнуваат од 19 часот и ќе траат по половина час. Во оваа прилика Општина Штип упати покана до граѓаните да присустуваат со цел да уживаат во она што е подготвено, а не е често и секојдневно.

Лаура Стојанова М-Нет