Со продажба на велигденски декорации, дечињата на ДГ ,,Вера Циривири-Трена Штип реазлизираа голем велигденски базар

Со продажба на велигденски декорации, денес дечињата од ДГ Ваера Циривири Трена во Штип реализираа голем велигденски базар во просториитен на градинката. Со умешните мали раце и помош на родителите, сите дечиња денес ги исложија своите ракотворби. Во периодот од 14:30 до 16:00 настанот беше посетен од семејствата и блиските на дечињата, кои доаѓаа и ги купуваа изработките. Настанот е со цел децата бидат во фокусот на престојните велигденски празници, кои се од суштинско значење за нив. Колку почесто тие имаат актвиности, толку се повисоки нивните резултати според спихолозите. Ваквите настани за дечињата покрај што од една страна им будат убави емоции и чувства, од друга страна ги поттикнува за соработка, блискост и дружба, неопходни за нивниот развој. Инаку, собраните средства од денешната продажбата ќе служат за репроматеријали за децата, за нови играчки, како и за приредби, кои ќе следат во следниот период


Иван Митев, М-Нет