Шест златни медали за борачите на БК Балканец, прво место во екипен пласман во машка конкуренција

На Државното првенство за кадети кое се одржуваше во Штип овој викенд, борачите на Балканец забележаа големи резултати.

Во категрија до 45 килограми Андреј Мишев освои прво место и златен медал, а пак Љупче Коцев трето место односно бронза. Златен медал за Леон Манов со 48 килограми, бронза за Никола Гицев до 55 килограми.

Зоран Шоров освои прво место и златен медал до 80 килограми, второ место и сребро за Христијан Димитријев во категорија до 92 килограми, а пак Јован Стефан освои златен емдал во категорија до 100 килограми, а во истата категорија Јован Балабанов беше втор.

Во женска конкуренција прво место и златен медал освои и Бојана Ковачова, а пак Викторија Ѓурова исто така златен медал до 65 килорами.

Шест први места односно златни медали, а во екипен пласман во машка конкуренција борачите на Балканец го освоија првото место. Екипата на БК Балканец беше предводена од тренерите Мики Тодоров и Давор Тасев.

Александар Ванев, М-Нет