
Штипјани на „животна мисија“ ставаат од 100 до 300 денари на припејд и пуштаат сигнал за да преживеат. Во време на тешка економска ситуација, граѓаните наоѓаат решенија со цел да ги покријат и основните потреби за комуникација. За многу граѓани, мобилниот телефон станал симбол за стратегија и преживување. Со припејд пакети, тие го ограничуваат својот месечен буџет на мобилни трошоци, ставувајќи на сметките само до 300 денари, а кога им треба подолг разговор, пушаат сигнали до пријателите на постпејд
Но, оние кои што користат пoстепјд сметки, велат дека им е поисплатливо, бидјеќи користат интернет и бесплатни минути. Иако се јавуваат на оние кои што корист припеј услуги, сепак внимаваат да ги надминат бесплатните минути.
Во ситуација кога економијата е во пад, а трошоците за комуникација растат, многу граѓани се приспособуваат на новите услови преку избор на мобилни пакети кои ќе им овозможат да комуницираат без да ги оптоваруваат своите месечни буџети.
Иван Митев, М-Нет