Со пригодна манифестација ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип го прослави својот 34 роденден

ОК на ВМРО – ДПМНЕ Штип, вчера го прослави својот 34 роденден. Во таа чест подготвија свечена манифестација во домот на млади во Штип на која присуствуваше и претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицковски. Оттаму тој посочи дека во изминатите 34 години се соочувале со тешки предизвици, многу повеќе победи отколку порази, во нарендите децении ќе се продолжи по стапките и чекорите на предците, а како генерација ќе се борат и ќе остават добри примери за генерациите кои следат.

„34 години тешки, полни со предизвици, многу повеќе победи отколку порази, но од сето тоа извлековме поука, од секоја победа од секој пораз, можеби не доволно, но секогаш човек треба да учи и тоа да го применува во животот и работењето. Затоа што од искуството нема нешто позначајно, а ВМРО – ДПМНЕ како главна политичка сила во Макеоднија изминативе 34 години, но и во наредните децении јас сум убеден дека ќе продлжи по стапките и чекорите на нашите предци, но исто така ние како генерација ќе се бориме и ќе оставеме добар пример на генерациите кои што ќе дојдат по нас и ќе го продолжат она што ние денес ќе го создаваме.“ – изјави Мицковски

Душко Иванов исткна дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги предводи институциите на локално и национално ниво по барања и желби на граѓаните, преточени во проекти и пердизбори програми, а истите прераснуваат и во реалност.

„Во принцип кога ВМРО – ДПМНЕ е на власт ги предводи институциите и на локално и на национално ниво, барањата и желбите на граѓаните, преточени во проекти, предизборните програми се реализираат и истите стануваат реалност во интерес на сите нас.“ – додава Иванов

Инаку ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Штип предводи локална власт во период од 96 година до 2000 година, во период од 2009 до 2017 и актуелната власт од октомври 2021 до ден денес на локално ниво. На централно ниво во период од 1998 до 2002 година, од 2006 до 2016 година и од ова година од изборите од 8 мај до ден денес.

Лаура Стојанова, М-Нет