
Штипската гимназија со свечена манифестација ги пречека новите ученици и идни гимназијалци. Директорката Весна Ристова посочи дека на пристоен начина на учениците ќе им бидат прикажани сите успеси и успешни ученици од гиманијата со поттик идните ученици да ги следат примерите и секојдневно да се наградуваат.
„Денес е почеток на новата учебна година и ние сакаме да ги пречекаме нашите нови ученици и идните гимназијалци на еден пристоен начин и да им ги прикажеме сите успеси и успешни ученици од нашата гимназија, воедно тие да бидат нивни примери и нивни идоли да ги следат нивните патишта и да се изградат во академски добри граѓани.“ – изјави Ристова
Директорката посочи дека особена е честа што ќе ги пречекаат учениците Марио Ванчовски и Иван Костевски кои учествуваа на светската хемиска олимпијада во Саудиска Арабија и за таа цел ќе добијат пригодно признаније.
„Особена чест ни е што ќе ги пречекаме нашите успешни ученици Марио Ванчовски и Иван Костевски кој што учествуваа на светската хемиска олимпијада во Саудиска Арабија и за таа цел ќе им дадеме едно пригодно признаније, а воедно тие да бидат пример за идните генерации.“ – додава Ристова
Директорката на сите ученици им посака многу успех и желба за достигнување на многу награди.
Лаура Стојанова, М-Нет