Денес се одбележува светскиот ден на театарот, по тој повод штипскиот театар вечерва организира тетарска претстава „Демонот на Дебармаало“, со што на симболичен начин ќе се одбележи истиот. Воедно на овој ден сите театри во светот ги читаат пораките на норвешкиот драматург, а во макеоднските театри ќе биде прочитана пораката напишана од драматургот, Коле Ангеловски.
„Денес е 27-март, светскиот ден на тетарот и по тој повод сите театри во светот, па така и народниот театар од Штип ги читаат пораките на норвешкиот драматург Јон Фосе која што ја напиша светската порака за театар, а македонската порака за театар која ќе биде прочитана пред сите македонски театари, кој ја напиша големиот автор, режисер, драмтург Коле Ангеловски. Така по тој повод вечерва во народниот театар во Штип ќе се изигра претставата „Демонот од Дебармаало“ во режија на Наташа Поплавска од Горан Стефановски. Со тоа го одбележуваме овој ден на театарот.“ – изјави Ангелов

Посочуваат дека штипскиот театар се соочува со проблеми, бидејќи на тетарот му фали капацитет, технички кадар, и актери, но се надеваат дека ќе најдат решенија на проблемите со кои се соочуваат, со што ќе се комплетира целосната слика.
„Секако дека како и секаде, театарот се соочува со проблеми, но ние треба да ги решаваме, на тетарот му фали капацитет, фали технички кадар, фалат актери. Но, се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња каде што ќе се комплетираме и Штип ќе добије театар каков што заслужува, не само актери и технички. Време е да се случи нова зграда, нов објект, затоа што во овој објект каде што сме сега во моментот, навистина условите се тешки за работа, оваа е стара зграда, па во иднина се надеваме дека ќе добиеме нова зграда, нов театар каде што сите и граѓаните и публиката ќе можат да се чувствуваат убаво и да се твори на вистински начин. Во моментот условите не се добри, но да се надеваме дека еден ден и Штип ќе добије тетар како што заслужува.“- додаде Ангелов
Оттаму се надеваат дека во иднина ќе дојдат нови времиња, со што театарот ќе добие ова зграда со современи услови, каде што актерите и публиката ќе можат да се чувствуваат убаво и да се твори на убав начин.
Лаура Стојанова, М-Нет