„Ораторски вечери“ традиционално утревечер ќе се реализираат во салата на Економскиот факултет

Утре традиционално се организира Ораторска вечер, по повод патрониот празник на УГД Штип каде студентите ќе имаат можност да се претстават со своите говори. Отаму посочуваат дека влезот е бесплатен и ги повикуваат младите да се искажат и да зборуваат за општествени теми кои ги мачат македонските студенти и младите, но и да бидат подржани во борбата за подобро општество. Ораторската вечер е реализирана заедно со клубот на оратори „Ростраветера“.

„Ние оваа година традиционално како и секоја година по повод патрониот празник ги организираме ораторските вечери заедно со клубот на оратори „Ростраветера“, ораторските вечери воедно покрај тоа што ја негуваме убавината на говорењето и место каде што им даваме глас на младите слободно да зборуваат без никаква цензура и ограничување, да зборуваат за општествени теми кои што ги мачи македонските студенти и младите.“- изјави Панев

Посочуваат дека во последните години има новина со што нудат можност на ораторските вечери да се претстават и средношколци кои во иднина ќе бидат студенти, да имаат можност своите проблеми да ги прикажат.

„Она што е новина во последните години е како отворен универизитет ги отворивме вратите и за средношколците, нашите идни студенти, така што традишионално покрај студентите учествуваат и средношколците кои се претставуваат со своите говори. Ораторските вечери ќе се одржат во четврток со почеток од 19 часот во мултимедијалниот ценатр на економскиот факултет. Влезот е бесплатен и затоа ги повикуваме сите оние кои што сакаат да бидат дел од овој настан и да ги слушнат младите што имаат да кажат, меѓутоа и да ги подржат во нивната борба за подобро општество да се придржат и да бидат дел од овој свечен настан.“-додаде Панев

Ораторската вечер ќе се одржи утре, со почеток од 19 часот во просториите на мултимедијалниот центар на економскиот факултет.

Лаура Стојанова, М-Нет