
Празни паричници во 10 часот наутро иако пензиите се земаа само час претходно. Платени сметки за струја и вода, купени лекови и пари не останаа ниту за леб. Штипските пензионери денеска од банка се упатија на протест за да ги побараат своите права. Револтирани велат или купуваат половина лекови за да имаат за храна, или цела терапија и не им остануваат пари ниту за леб.
„Белешки и рецепти за лекови тоа тресам ништо нема, а дали има пари и за лекови. 4500 денари остануваат за цел месец за прехрана, а што ќе јадеме со лебот. Апчињата треба нешто да јадеш за да те одржуваат. “ – велат пензионерите.
Протестот пензионерите го продолжија со марш до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Со пораки и писмо до министерката Тренчевска и денеска побраа линеарно покачување на пензиите за 5000 денари и усогласнување на минималните пензии. Пари има едвај за лекови, за витамини и зголемување на имунитетот не се ни зборува.
„Денес нашите патишта водат кон банките да си ја подигнеме нашата пензија. За каква пензија зборуваме, за некаква социјална помош, а каде со парите – право во аптеките да си го земеме следувањето за цел месец да останеме во живот. Да не зборуваме за витамини и суплементи да го зголемиме имунитетот. “ – вели Арсовска.
Пензионерите масовно на 7 ноември излегуваат на масовен протест пред странските амбасади во Скопје. И денеска во Штип повикаа на масовност, со цел да ги добијат своите заслужени права.
Лаура Стојанова М-Нет