Драстичен пораст на бројот на спорови кои се решаваат по пат на медијација

Околу 500 предмети од почетокот на годината до денес, постојано се зголемува бројот на граѓани физчики и правни лица кои решение на проблемите гледаат во медијаторството наместо тие да се решаваат по судски пат. За пократко време, со минимални трошоци и спогодбено решение со кое никој не губи се решава спрот меѓу две странки со процесот на медијација.

„Почнувајќи од тоа дека во медијацијата не се решава само спорниот предмет туку и спорниот однос меѓу странките интересот и фокусот на медијацијата е решавање на односите меѓу страните. Странките се доведуваат во состојба да може да разговараат, да ги разберат сопствените ама и потребите и интересите на другата страна. На крај да се дојде до едно заедничко прифатливо решение“ – вели Попова.

Работните, трговски и стопанските спорови се најчести кои се решваат по пат на медијација, вели Попова. Работните спорови најчесто завршуваат со спогодба, за разлика од останатите од кои дел сепак се решаваат на Суд. Исто така доста важно е споровите во кои учествуваат малолетници да се решаваат по пат на медијација, за децата да не преживуваат стрес.

„Стопанските спорови исто така доста успешно се решаваат во постапката за медијација, ама тоа зависи од неколку фактори. Зависи од страните со каква волја дошле во постпаката за медијација, од квалитетот на медијаторот односно неговите вештини.“ – додава Попова.

Медијацијата како вонсудски начин на решавање на споровите кај граѓаните и компаниите кај нас е озаконето во 2006 година.

Лаура Стојанова М-Нет