
Со музика, панагии, и посен грав жителите од село Љуботен вчера ја одбележаа славата Св. Петка. Славата се слави два дена на седми и осми август во зависност од денот оваа година јадењето е посно. Настанот беше посетен од голем број на гости, кои имаа можност да се веселат со македонски народни песни. Црквата е пронајдена од 1968 година од страна на покојниот Борис Постолов па од тогаш па до денес секогаш празникот се слави на тоа место.
„Од 1968 година до сега ја славиме Св. Петка на овој ден седми август и осми. Очекуваме многу гости секоја година гости ни доаѓаат од секаде сенароден собир има со музика со вечера со ручек. Музика имаме оркестар секоја година тие настапуваат со репертоар на народна македонска музика“ вели Митков
Вчера беше направен водосвет, христијаните носеа панагии а денеска се одржа и богослужба
„Христијаните доаѓаат донесуваат панагии, донесуваат колачи правиме водосвет и така овој ден планираме да го прославиме во чест на Преподобната Параскева. Со почеток од осум часот почнуваме да служиме богослужба каде што се надеваме дека луѓето, верниците ќе присуствуваат овде на богослужба“ посочи Марковски
За вечера имаше 240 литри посен грав, потребното време за подготвување е пет до шест часа. Влатко вели дека тајната за вкусен грав лежи во самиот кувар
“Прво го ставив зачинот се вареше четири до пет часа и сега го ставив гравот, околку 16 килограми во лонците сега после ќе ги ставам останатите зачини вагета, сол, и запршката и на крајот ќе се дава на гостите после осум часот. Тајната е до куварот како ќе го направи, нашата тајна е на дрва на селски начин.“ изјави Арсов
Присуствуваше и синот на покојниот откривач на црката , тој живее во Гермнаија но сепак секоја година со семејството доаѓаат да го одбележат овој ден
“Доаѓам за овој ден за Св.Петка тоа е спомнен од татко ми и сакаме да се слави овој ден и семејството доаѓа, имам син и ќерка во Германија и внуките ќе дојдат тука и тие сакаат да дојдат каде сум живеал и родил“
Посетителите велат дека ова е многу убава традиција која треба да продолжи и понатаму, велат убаво е кога сите верници ќе се соберат на едно место.
„Секоја година ние сме овде доаѓаме овој ден го пеославуваме откако постои црквата од 1968 година со музика со се сме задоволни може сите да дојдат да присуствуваат овде да видат, навистина е многу убаво. Навечер доаѓаат мхногу луѓе исто така и во текот на денот“
Христијаните со желби за здравје и среќа ја одбележаа славата Св. Петка. Селото освен оваа слава ја има и славата Св. Јован која се одржува на 11 септември.
Лаура Стојанова, М-Нет