Ребрендирање на ЈП „Исар“, намалување на долговите, изградба на три резервоари за вода се приоритетите на новиот директор Арсовски

Од денес официјално Александар Арсовски седна на директорското столче на Јавното претпријатие „Исар“ во Штип . Тој посочи дека претпријатието се наоѓа во стабилна финансиска консолидирана состојба, со намалени обврски во однос на законот на вработени, значително намален долг и со историско најниско ниво на вработени.

„Затекнувам претпријатие со финансиска стабилна консолидирана состојба со значителен намален долг, исто така се намалени обврските во однос на законот за работни односи дел од нив се целосно исплатени, дел се во фаза на исплата а со остатокот има склучено договори за нивна целосна реализација. Намален е и бројот на историско најниско ниво на вработените во Јавното претпријатие.“ изјави Арсовски

Идните планови на претпријатието се со продолжување на замена на водоводната мрежа, изградба на три резервоари за вода во населба Пребег, Мери и Каваклија со што трајно ќе се реши проблемот со водоснабдување. А како приоритет ќе биде намалувањето на долговите за прв пат од неговото формирање.

„За почеток се планира ребрендирање на претпријатието и создавање целосно нов имиџ на истото, продолжуваме со замена на водоводната мрежа и изградба на три резервоара за вода, тоа се резервоарите: Пребег, Мери и Каваклија со што трајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето и дотокот на водата во високите зони од градот. Но. како врвен приоритет на ЈП „Исар“ и Општина Штип ќе биде во периодот што следува од една година да потврдиме дека за прв пат од формирањето на ова јавно претпријатие истото ќе биде без долгови кои што се натрупани од фамозните кредити подигнати во минатото“ посочи Арсовски

Арсовски вели дека доколку се реализираат приоритетите тогаш претпријатието ќе има капацитет за вложување во нова механизација со која што ќе се рационализира трудот а со самото тоа ќе се генерира приход по основ на заштита.

Лаура Стојанова, М-Нет