Со пораки за здравје и мир, огромна посетеноста во црквата „Кирил и Методиј“ во штипската населба Баби

Масовна посетеноста денеска во црквата Свети Кирил и Методиј во штипската населба Баби. Народ од сите страни, за првпат посетеноста е толку голема споредбено со годините наназад. Живко Џолев посочува дека се задоволни, и очекува од собраните средства дополнително да се инвестира во дозавршување на црквата која неодамна го доби крстот.

„Денеска сме во поголем број на луѓе, и оваа година сме преблагодарни на граѓаните за посетеноста од страна на граѓаните. Планираме да продолжиме со поставување на прозорци и покривање на купулата. Сакаме и внатре да почнеме со внатрешни уредување и фасада“ – вели Џолев.

Здравје, среќа и бериќет, граѓаните кои денеска ја посетија црквата во населба Баби со исти пораки. Поголем дел од нив овде се секоја година и велат традицијата треба да продолжи.

Со добра огранизација, ручек за посетителите и добра музика беше овогодинешното празнување на светите браќа Кирил и Методиј во шипската населба Баби. За прв гостите ги забавуваше и Сузана Гавазова.

„Првпат сум овде во оваа црква, драго ми е и нека е за многу години празникот. Мислам дека ќе биде убаво има многу луѓе, насмеани се расположени, тоа е најважно“ – додава Гавазова.

Камен темелникот на Црквата Свети Кирил и Методиј во населба Баби беше поставен пред 30 години, а поради многу пречки почна да се гради дури во 2014 година, а пред пет дена беше поставен и осветен крстот на црквата.

Лаура Стојанова М-Нет