
Со едноминутен молк., читање рецитал и положување свежо цвеќе, претставници од Локалната самоуправа, делегации, политички партии, пријатели одадоа чест на борците кои пред 82 година се бореле за слободна Македонија. Манифестацијата на Исарот беше збогатена и со пригоден говор од страна на претседателот на здружението на борци Штип.
„Македонскиот народ ја започна тешката и крвава борба за слобода. Во вирот на таа борба не се упшлашија од окупаторите, останале доследни на војната, на борбените традиции. Во 1941 година Македонија ја доживелата фашистичката окупација и најновата поделба на Македонија помеѓу Германија, Бугарија и Италија.“ – вели Мицевски.

Во 1941 година е објавена војна на германскиот, бугарски и италјански окупатор, бидејќи се определиле за своја слободна држава и свој народ.
11 октомври е ден на востанието на Македонија или ден на народното востание на македонскиот народ и е државен празник.
Лаура Стојанова М-Нет