Населени фазани на ловиштата на ЛЗ Ловец Штип, оваа ловна сезона со подмладок и единствен женски член

По пауза од 20 години Ловечкото здружение Ловец од Штип повторно насели фазански дивеч на нивните ловишта. Во склоп на новата ловна сезона во ловиштето „Драгоево“ на место викано „Потоко“ населени се околу 70 пилиња за отстрел на членовите на здружението. Фазаните се чувани од страна на членови на здружението за денеска да бидат пуштени на самото ловиште каде во наредните денови ќе може да се лови.

„Како една од идеите на нашето Ловечко друштво посебно на нашето раководство оваа година успеавме да реализираме односно да населиме фазански дивеч некаде околу 70 пилиња. Ваквата идеја е реализирана 1968 и 2003 година последен пат, така да 2023 година е една од ваквите години каде нашето раководство успеа да реализира.“ вели Панев.

Оваа ловна сезона Здружението Ловец од Штип може да се пофали и со нов подмладок и единствен женски член кој е дел од нивниот тим. Младата Јулија Николовска од Штип од мали нозе е по ловиштата заедно со нејзиниот татко и дедо. Пред камерите на М-Нет телевизија вели дека ова како хоби ја исполнува, а беше дел и од акцијата во која се населнија фазани на ловиштата на самото здружение.

„Многу го сакам ловот и уште од мали нозе одам со мојот дедо и мојот татко на лов, веќе пет години“ – вели Николовска.

Населувањето на фазани во минатото бил интезивно форсиран во ловството, но заради скапото производство и набака овј тренд полека опаѓа. Ловечкото здружение Ловец од Штип населува фазани на нивните ловиштата третпат по ред во нивното долгодишно постоење.

Лаура Стојанова М-Нет