
Со положување свежо цвеќе, рецитал и пригоден говор денеска во Алеата на народни херои во Штип се одбележа 39 годишнината од смртта на генерал Михајло Апостолски. Преставници од општината, политички партии, делегации, здруженија и пријатели оддадоа честа на генерал Апостолски,.
Неговите воени вештини доаѓаат до израз за време на изведувањето на Февруарскиот поход а пресвртница се случува за време на подготовките за одржување на заседанието на АСНОМ каде што бил избран за член.
Неговиот лик и дело се олицетворение на идните генерации, неговиот аманет останува на младите за чување на татковината, сеќавајки се на него.
Ева Тушевска, М-Нет