Со отисок од прст ќе се проверува дали лекарите и медицинските сестри се на работа и колку долго

Со отисок од прст ќе се проверува дали лекарите, медицинските сестри и административните работници се на работа и колку долго остануваат таму. Министерот за здравство Азир Алиу денеска рече дека веќе е воведен систем за евиденција на работното време во здравството. Целта е да се види дали вработените навреме доаѓаат на работа и дали го почитуваат работното време. Тој најави и дека во следниот период ќе се прави и анализа, за тоа колку пациенти од државните болници завршуваат во приватните здравствени установи.

,,Исто така административно веќе е воспоставен системот со отисоци од прст за да може административно да знаеме дека законски секој доктор и секоја медицинска сестра, секој администратор треба да биде на работното место, бидејќи тоа законот го наложува и договорот со институцијата е таков, така да првиот чекор е тој, за да знаеме дека сите здравствени работници ни се на работа, тоа е првото. Вториот чекор најверојатно по анализата направена, најверојатно во анализа колку наши пациенти од јавни здравствени институции се пренасочуваат во приватен секотр, но тоа е се уште рано и не можат ништо да зборувам.“, вели Алиу

Министерот Алиу вели дека секоја промена во администрацијата носи отпор, но дека ова ќе биде добро и за вработените и за пациентите. Според него, конечно ќе се знае кој навистина работи, а кој не. Вели дека со тоа ќе се тргне и притисокот од оние што редовно си ја вршат работата.

,,Нормлано, секоја промена во администрацијата понекогаш има отпор, но ова е позитивно и за вработените и за докторите, но и за медицинските сестри, бидејќи ќе знаеме рално тие што работат ќе знаеме реално колку, но од другата страна ќе падне притисокот кон вработените, кои што навистина работат, а заради тоа што некои други колеги помалце или воопшто не работат.“, додаде Алиу

Министерот Алиу вели дека овој систем е неопходен за да се спречи злоупотребата во здравство. На овој начин како што рече ќе се знае детално се за вработените, кој кога доага и колку е на работа. Очекувањата според него се дека ќе се нормалнираза проблемот со злоупотребата на работните места.

Иван Митев, М-Нет