
Стотици боенки, сликовници и детски книги денеска беа донирани во детското одделение при Клиничката болница во Штип, со цел да се создаде мини библиотека која ќе внесе пошарен и поутешен свет за најмладите пациенти. Донацијата е на издавачката куќа „Просветно дело“ во соработка со писателката за деца Ксенија Маказлиева-Трајчева. Со овој хуман гест се збогатува болничката средина и се овозможува децата полесно да го поминуваат времето за време на лекувањето.
,,На заедничка иницијатива со КБ Штип и одделот на педијатрија, а по повод 1 јуни кој што е познат како светски ден на детето и 10 јуни како ден за отпочнување на летните читачки кампањи ние веке подолго време спроведуваме една кампања со цел на подигање на свеста за значењето на читањето книгата, особено кај младата популација. Денеска сме тука со една поинаква цел да донираме книги, боенки, сликовници за најмладите, кои што имале предизвик во животот да се соочат со некаков здравствен проблем, но со една единствена цел да им помогнеме тоа полесно да го пребродат со книгите со боенките, сликовниците, со волшебниот свет на книгата, кој што ќе им помогне полесно да се изборат со она што во моментот ги предизвикува да бидат мали борци. Имајки предвид дека волшебниот свет на книгата умее да не однесе во еден друг свет, поинаков, пошарен, поубав, посреќен ете да дадеме еден мал придонес и во одделот на педијатрија да ја збогатиме со една мала билиотека за деца, која се надеваме ќе даде насемвки на детските лица.“, кажа Маказлиева-Трајчева
Во фокусот на изборот се ставени децата од 0 до 6 години, со содржини прилагодени на нивната возраст кои треба да им донесат радост и внимание. Маказлиева Трајче додаде дека преку сликовници, боенки и интерактивни изданија се поттикнува детската имагинација
,,Во овој момент се фокусиравме на возраста од 0 до 6 години и затоа и изборот на книгите е направен согласно таа возраст. Тука се сликовници, боенки, интерактивни книги, дури имаме и книги со играчки со животни, со морски животни, се со една единствена цел да им го одвлечиме вниманието малце на друга страна, од една страна, а од друга страна да им помогнеме и да се запознаат со богатито свет на книгите.“, додава Mаказлиева-Трајчева
Писателката Маказлиева-Трајчева потенцираше дека е важно сите заедно и здружено да се делува, во мисија на детето, особено на оние кои што во моментот им е потребна поддршка плус.
Иван Митев, М-Нет