Со одржување на превентивна акција за користење на зимска опрема, до побезбедно патување во текот на зимата

На плоштадот „Слобода“ во Општина Штип, денеска се одржа активност со која се покажа значењето и важноста на зимската опрема. Отсекот за превенција при СВР – Штип во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, и со помош на Мото центар од Скопје, организираа кампања за запознавање на учесниците во сообраќајот со поголемата безбедност која ја нуди зимската опрема.
„Зимските гуми за разлика од летните гуми, имаат шара и дизајн кој што овозможува лесно истиснување на кашаст снег, вода итн. Понатаму исто така од економичност, користењето на зимски и летни гуми адекватно за соодветниот период овозможува подолго траење и користење на гумите.“
Во акцијата која се спроведе денеска, се стопираа автомобили и на случајните возачи им се делеше бесплатна рекламна опрема, односно флаери, ракавици за отстранување на снег од автомобилот и слично, со порака безбедно да се патува и во зима.
Зимската опрема задолжително треба да се поседува во возилата од 15 ноември до 15 март. Под зимска опрема се подразбираат зимски пневматици или синџири.

Лаура Стојанова М-Нет