Општина Виница објави тендер за промена на водоводна мрежа на дел од улиците во градот

Општина Виница со обезбедување на средства од сопствениот буџет, распишува тендер за промена на водоводната мрежа на дел од улиците во градот. Со тоа централниот дел на градот се урбанизира, а се решаваат и проблемите на виничани.
„Општина Виница распиша тендер за промена на водоводната мрежа на улиците: „Плачковички одред“ , „Раде Кончар“, „Кочо Рацин“, „Пролетерска“, и „Ѓорче Петров“ во градот Виница. Предвидени средства за оваа намена се во износ 3 милиони и 400 илјади денари без ДДВ обезбедени од буџетот на Општина Виница. Со изградбата на овој проект се заменуваат старите азбестни цевки со нови Полиетиленски и со овој опфат ќе бидат заменети 98% од водоводната мрежа во градот Виница.“
Ова не се единствените промени на водоводни цевки во град Виница, а со овој опфат се заменуваат 98% водоводната мрежа. Тендерот ќе трае со до пријавување на доволно фирми, и до конечно одредување на фирма за соработка. Заинтересираните страни може да се обратат на страната на општина Виница, или на соодветните телефонски броеви.

Лаура Стојанова М-Нет