
Со награди за дарување крв денеска во Кочани се одбележа 14 јуни Светскиот ден на крводарителството. Граѓни кои дарувале крв по по десет, 25, 50, 75, и 100 пати беа дел од настанот за одбележувањена денешниот ден. Целта е да се оддаде почит на крводарителите, но и да се поттикнат сите граѓани кои досега не се дарувале крв, да почнат да даруваат и да спасар нечии живот.
„14 јуни е денот на крводарителите и ние во Кочани го одбележуваме овој ден. Целта на овој настан е да се даде почит на граѓаните кој ја задоволуваат потребата на крв и крвни продукти и со тоа помагаат да се спасуваат човечки животи. Денеска се врчија награди на повеќекратни крводарители и тоа за пет, десет и 25 години, 50, 75 и 100 пати дарување крв.“ – вели Коцева.
Евгенчо Милчевски денеска доби награда бидејќи крв дарувал над 100 пати. Неговата сопруга која ја подигна наградата вели ова е од големо значење за нив и упати порака до сите граѓани кои можат да се приклучат кон хуманитарната мисија за дарување крв, и можност да спасат нечии живот.
Освен ваквите активности во Кочани редовно секој последен четврток во месецот се организираат крводарителски акции во просториите на Црвен Крст Кочани.
Во меѓувреме денот на крводарителството со доделување награди денеска се одбележа и во Виница, каде имаше над 25 граѓани кои дарувале крв над 100 пати.
Лаура Стојанова М-Нет