Со музика, игра и песна, стотици дечиња на градскиот стадион во Штип се збогуваа со детските градинки

Со музика, игра и песна, 100 дечињата на градскиот стадион во Штип вчеравечер, пеејќи во еден глас се збогуваа со Детските градинки. Спортскиот стадион беше исполнет со радост и смеа, а дечињата заедно со своите воспитувачки и родители ја прославија завршницата на нивното предучилишно патешествие. Воспитувачките од градинките посакаа на сите дечиња среќен почеток во училиштнот образование, понесувајку убави спомени од нивните градинки.

Родителите со гордост ги следеа настапите на своите деца, а атмосферата беше топла и исполнета со аплаузи, емоции и слики за паметење. За многу од децата ова беше прв јавен настап, а нивната среќа беше најголемата награда за сите вложени трудови.

Од септември, овие мали јунаци ќе ги заменат играчките со буквари, а градинката – со училишни клупи.

Со тоа, синоќешната свеченост не беше само збогување, туку и нов почеток – полн со надеж, возбуда и нови соништа. Штип испрати уште една генерација подготвена со љубов, знаење и самодоверба да зачекори во светот на училиштето, каде ги очекуваат нови пријателства, предизвици и успеси.

Иван Митев, М-Нет