Со мисија за раззеленување на градот под Исарот се приклучи и ЛО на Левица во Штип

На одбележувањето на Денот на пролетта и вековната традиција за искачување на Исарот се придружи и Локалниот огранок на партијата Левица во Штип. Како што велат, иницијативата е прифатена од повеќето штипјани, а се реализира и во координација со ЈП „Исар“.

„Членовите на Локалниот огранок на Левица од Штип активно се вклучија во оваа еко – акција со цел да го дадеме нашиот придонес во поттикнувањето на еко – свеста кај нашите сограѓани, особено кај помладата популација. Делуваме локално, но сакаме да размислуваме глобално. Знаеме сите колку е важно зеленилото во нашиот град, па затоа денеска во соработка со работната единица Паркови и зеленила на ЈП „Исар“ во повеќе зелени површина насадивме десетина млади зимзелени садници“, истакнаа од партијата.

Денешната активност е почеток на подолга мисија за раззеленување на Штип. Имајќи предвид дека зелените површини во градот се плод на ваквите активности, членовите на локалниот огранок ќе ги реализираат еднаш месечно.

Ребека Спасова М-Нет