
Со греано вино, музика за сечии вкус, дружба и вжештена атмосфера се дочека новата 2025 година и во Штип. После подолги години на новото шеталиште Ванчо Прќе граѓаните сплотни имаа можност да се забавуваат и весели да ја дочекаат новата. На самиот дочек беше и градонаќалникот Иван Јорданов, кој точно на полноќ во новата се огласи пред граѓаните, посакувајќи им љубов, мир, здравје и плодна година.
Инаку, годинава, Штип после долги години блесна во својот новогодишен сјај, кој како што истакнаа и граѓаните на градот му недостасуваше и те како. Беа весели тие и посакаа вака истиот блеска и понатаму во годините.
Лаура Стојанова, М-Нет