Со голема болка средношколците и студентите во Штип се збогуваа со своите починати врсници

Со положување свежо цвеќе, пред фотографиите на починатите, денес средношколците од СОУ,,Jане Сандански“ Штип се збогуваа со своите сокласнци. Облечени сите во црно во знак на нивната тага и солзите, кои се ронеа по нивните лица тие го одадоа последниот поздрав со своите починати сокласници. Настава во училиштето денес нема, а директорката Марија Николиќ, педагогот во училиштето, како и професорите со огромна поддршка до сите ученици, со што заеднички во следниот период ќе ги поминат болките и сите тешки ситуации.

Покрај во средното медицинското училиште, почит и збогување оддадоа и студентите од УГД Штип. Ситуацијата и таму беше тажна со многу плач и болка.

Инаку при УГД присуствуваа и професорите на универзитетот, како и ректорот Дејан Мираковски. Со палење свеќи, цвекиња и повекеминутен молк и овде се оддаде почит на загинатите, кој загинаа во трагедијата во Кочани.

Иван Митев, М-Нет