
Книга на жалост денеска беше отворена во админстративната зграда на Општина Штип за починатите од катастрофалната несреќа во Кочани. Граѓаните ќе имаат можност да остават пораки за своите починати сограѓани, но и за сите оние кои го загубија животот во дискотеката во Кочани. Книгата на жалост во наредните денови ќе биде поставена и на плоштадот Слобода.
„Изразувам длабоко жалење и сочуство до семејствата на сите загинати. Утрово се слушнав со семејствата на загинатите наши сограѓани, го изразив моето сочувство. Голема е загубата за нас како држава. Она што мора да си го ветиме на нас е дека ќе создадеме поинаков систем од овој кој ги зема овие жртви. Преголема е цената која ја плативме. Отворивме една книга на жалост во административната зграда, која следните денови ќе биде изложена и на плоштадот.“ – вели Јорданов.
Во наредниот период Општина Штип ќе организира и комеморативна седница за починатите граѓани од Штип кој кобната вечер биле на диско во Кочани.
„Како општина ќе организираме и комеморативна седница за нашите починати сограѓани.“ – додава Јорданов.
Од 59 мината кои го загубија животот во Кочани, пет граѓани се од Општина Штип.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет