
Со подигање на знамето на Ромската заедница и интонирање на химната пред општинската зграда во Штип започна одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Традиционално и оваа година Општина Штип додели вредносни ваучери на најдобрите ученици од Ромската заедница. Градоначалникот, Иван Јорданов, посочи дека Ромската заедница не смее да биде дискриминирана бидејќи се дел од нашето општество.
„Традиционално и оваа година доделивме вредносни ваучери на најдобрите ученици од Ромската заедница кои се дел од образованиот процес, надоградувајќи се и учејќи, докажувајќи се тие придонесуваат за нашето општество, а се надевам дека и по завршување на образовниот процес ќе продолжат по овој пат. Ромската заедница не смее и не треба да биде дискриминирана затоа што тие се дел од нашето општество, од нашето селкојдневие“ – вели Јорданов.
Да се намали јазот во заедницата, да се градат нови политики и да се реалзираат проекти, со што 8 Април ќе продолжи да се одбележува и во наредните години.
„Се надевам дека секоја година овој ден ќе го одбележуваме во однос на борбата за интегрирање на Ромската заедница во нашето општество и со цел да се намали јазот меѓу Ромската и неромската заедница која живее во нашата општина секако градејќи се преку јавните политики кои ги имаме во однос на Ромската заедница и проектите кои ги реализираме.“ – додава Адемов.
Поттик за младите да продолжат да се образуваат и да оставаруваат резултати и во иднина. Велат дека на ваков начин се мотивираат дополнително.

Меѓународниот ден на Ромите службено бил прогласен во 1990 година во Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски Ромски конгрес. На тој конгрес била донесена одлука за ромската химна за која била избрана песнат Џенем, Џенем и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена двобојка со црвена точка во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата.
Лаура Стојанова М-Нет