Саса го доби дербито на Истокот за опстанок, Осогово поразен во Македонска Каменица!

ФОТО: Телевизија М Нет

Дербито на Истокот и дербито за опстанок во Втората лига се одигра во Македонска Каменица, каде екипата на Саса со 2:1 славеше над Осогово во меч на кој беа постигнати три прекрасни погодоци, дерби кое можевте да го следите во живо на телевизија М Нет.

Саса за првпат го напушти дното од табелата, сега е на претпоследното место со 17 бодови, само три бода помалку од бараж зоната или шест од зоната која гарантира опстанок во Втората лига.

Тренерот на Каменица Саса, Горан Гоцевски, за телевизија М Нет вели дека дерби не се игра, дерби се победува, а притоа се заблагодари и до верната публика и навивачката група „Багери“.

Гоцевски вели дека одат натпревар по натпревар во борбата за опстанок, а сега фокусот е на гостувањето во Струмица кај Беласица.

Тренерот на Осогово, Добринко Илиевски за М Нет вели дека дербито на Истокот бил рамноправен натпервар на две изедначени екипи.

Во следното коло Саса гостува во Струмица кај Беласица, а пак Осогово на домашен терен има тежок меч против третопласираниот Детонит Плачковица од Радовиш.

Александар Ванев, М-Нет