
Во недела во село Таринци со богата музичка програма ќе се одбележи празникот Света Троица. На идентичен начин како и настанот во село Карбинци, се очекува голема посетеност. Ова е трета година по ред како се одбележува празникот на селото на еден поинаков начин, со културно забавна програма.
„Тоа е за празникот Света Троица. Веќе во недела на 8 јуни во селото Таринци, она што ќе следи веќе е со започнување на концерт од 19:30 часот со една музичка програма идентична како и во селото Карбинци. Започнува групата Диези во 19:30 часот, во 21 часот е Спасен Силјановски и на крајот ѕвездата на вечерта Џенан Лонџаревич. Со ова сакаме да ги одбележиме на поинаков начин нашите празници. Ова е веќе трета година по ред во Таринци.“ – вели Паунов.
Во оваа прилика Паунов упати јавна покана до сите граѓани во недела да бидат дел од настанот во село Таринци, да уживаат во подготвената програма и да ги одбележат празниците.
„Една јавна покана упатувам до сите да дојдат во недела да ги прославиме нашите празници“ – додава Паунов.
Паунов очекува голема посетеност, гости од регионот, но и од цела држава, многу забава, музика и на соодветен начин одбележување на празникот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет