Со благодарници и бескрајна благодарност до здравствените работници одбележан Денот на здравјето во Кочани

Со доделување благодарници на општествено одговрни компании кои изминатиот период придонеле за потребите на кочанската болница, како и свечено испраќање на дел од персоналот во пензија, Општата болница во Кочани го одбележа Денот на здравјето. Со нови 80 вработувања и 16 доктори испратени на специјализација изминатиот период се пофали директорката Душанка Горгиева-Трпески. До крајот на оваа и почетокот на наредната година вели ќе се доекипираат неколку оддели во кочанската болница.

„На денешниот ден сакам да напоменам дека во изминатиот период реализиравме скоро 80 нови вработувања и испратени се 16 доктори на специјализација кои до крајот на годината ќе се вратат и така полека ги доектипираме нашите оддели. Денеска благодарници дадовме на општествено одговорни фирми кои дале свој придонес во развојот на самата установа како и на нашите пензионери, здравствени работници им благодариме на нивниот труд“ – вели Горгиева-Трпески.

Заблагодарувајќи им се на здравствените работници, Гоегиева-Трпески посочи дека од големо значење е работата да се извршува етички и професионално и со тоа пациентите да ја добијат соодветната грижа.

„Здравјето е еден од начестиот збор во нашата комуникација и од големо значење како за човекот така и за човештвото. Честитајќи го светскиот ден на здравјето и се заблагодаруваме на здравствените работници кои се најнеопходна алка во општеството и да продолжат да работат етички и професионално и да се грижат за своите пациенти.“ – додава Горгиева-Трпески.

Овој настан за одбележување на Светскиот ден на здравјето 7 април, се организира по подолг временски период, со тенденција значење да добива секоја година континуирано.

Лаура Стојанова М-Нет