Снежната покривка во Штип утринава ги измами најмалите

Снежна идила во Штип повторно ги измами возрасните и децата да излезат на улиците и во парковите. Веќе неколкупати Штип е покриен со снежна покривка, а како и претходните снежни денови, така и овој, граѓаните излегоа да уживаа под врнежите на белите снегулки. Најрадосни и овојпат беа децата. Тие беа излезени надвор и правеа снежни топки, снешко и си играа под силните снежни врнежи. Единствено пречка за нив беше првиот училишен ден, па наместо надвор на игра, повеќето од нив беа во училишните клупи.

Сепак, поради повисоките температури и врнежите кои беа мешавина од дожд и снег, снежната покривна не се задржа многу. Централното градско подрачје попладнето беше без снег, единствено во околните населби граѓаните можеа да уживаат во снежниот поглед. Овојпат снегот само за кратко време ги покри улиците низ Штип, а веќе од утре следува стабилизација на времето. Како што соопшти УХМР, од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. За време на викендот температурите ќе достигнат и до 13. степен.

Ребека Спасова М-Нет