Кривична пријава за двајца штипјани, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(48) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 03.11.2021, полициски службеници го затекнале пријавениот надвор од местото на изолација и покрај тоа што имал решение за изолација во домашни услови.

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.М.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 10.06.2021 полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи без да поседува дозвола за движење за време на забрана за движење на населението.