
Сметката за електирчна енергија за месец јануари на ЈП „Исар“ драстично зголемена. Од четири милиони како што се плаќаше претходно сега треба да се исплатат на ЕВН речиси пет пати повеќе, односно 19 милиони денари. В.д. директорот, Трајче Здравков вели ситуацијата е страшна со оглед на фактот дека ова претпријатие и без овие 19 милиони денари, се гушеше во долгови. Единствено решениие на кое се надеваат надлежните е дозвола од ЕВН сметката да се плаќа на рати.
„Сметката за струја на ЈП Исар пристигна и таа е вкупно во износ од 19 милиони денари. И покрај нашите апели, нашите дописи да се најде некое решение од институциите, досега никој не излезе со некое конкретно решение и со тоа јавните претпријатија и граѓаните се оставени на милост, да се снаоѓаат саби од себе“- вели Здравков.
Дали граѓаните ќе почувствуваат на свој грб, го прашавме Здравков. Тој истакна дека не би сакал да се плаќа повисока сметка за вода, но сепак за претпријатие да биде ликвидно најверојатно ќе се покачи сметката за вода.
„Најверојатно за да биде ликвидно претпријатието ќе се проектира некое покачување на водата“ – додава Здравков.
Во меѓувреме, завршени се сите испитувања и контроли на водата за пиење од ХС Злетовица, во понеделник треба да се потпишр договорот и ова да помине на Седница на совет. Што значи во текот на наредната недела веќе штипјани треба да добиваат вода за пиење од ХС Злетовица, а со тоа да се намали потрошувачката на електирчна енергија и сметаката за истата.
Лаура Стојанова М-Нет