
Ланскиот второлигаш Каменица Саса го забележа најголемиот триумф во 7. коло на Трета лига регион 3 откако славеше со 2:6 во Делчево на Брегалница, со што „рударите“ продолжуваат да прават притисок кон првото место на табелата.
На патот кон баражот за Втора лига нов „кикс“ напарви Овче Поле кој одигра 1:1 против Дојранско Езеро во Дојран и мораше да се задоволи само со бод.
Реми со по еден гол (1:1) имаше и на мечот меѓу Хоризонт Турново и Ударник, а пак Огражден со минимални 1:0 го доби Малеш од Берово со што тимот од Ново Село е на првото место.
Карбинци забележа уште еден пораз откако загуби на домашен терен со 1:2 од Слога Виница, ланскиот второлигаш стигна до првиот сезонски триумф, а тренерот на Карбинци, Влатко Новаков дебитираше со пораз.
Победа Валандово беше слободна во оваа коло, а овој тим има и меч помалку, одложениот со Малеш.
На првото место е Огражден со 16 бодови, Победа Валандово е втора со 13 бода, но со два натпревари помалку, Каменица Саса е трета со 10 бода, но „рударите“ имаат меч помалку од лидерот Оражден, а со меч помалку Овче Поле е четврти со девет бода, колку што имаат и Хориознт Турново и Дојранско Езеро.
Александар Ванев, М-Нет