Слога Виница се засили со Игор Ѓорѓиев

Третолигашот Слога од Виница за пролетната полусезона се засили со Игор Ѓорѓиев, кој е прво засилување за ланскиот второлигаш.

Искусниот офанзивец Игор Ѓорѓиев, во Виница доаѓа од кавадаречкиот прволигаш Тиквеш.

Станува збор за играч кој има големо искуство во македонскиот фудбал, а во својата кариера 25-годишниот покрај за Тиквеш, има настапувано и за Каменица Саса, Детонит Плачковица, Вардар Неготино, Росоман и Марена.

Како што најави и телевизија М Нет во следните денови во Слога Виница ќе бидат промовирано повеќе играчи со прволигашко и второлигашко искуство. Третолигашот од Виница во пролетната полусезона ќе води борба за освојување на првото место и со тоа да заврши на првото место и да игра бараж за експресен „кам-бек“ во Втората македонска фудбалска лига.

Влезот на турските инвеститори даваат одлични сигнали дека во овој клуб во иднина ќе има сериозни инвестиции.

Александар Ванев, М-Нет