
60 пациенти се на болничко лекување поради корона вирусот во штипската Клиничка болница. Од нив 57 се на Инфективното одделение и три на Кожното, плус допонителни осум во дневна амбуланта. Според информации од извештајот од болницата во изминатите 24 часа регистрирани се пет новопримени пациенти, исто толку се и испишани. Од хоспитализираните 46 имаат потреба од кислородна поддршка однсно се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 16 лица. Во изминатото деноноќие битката со ковид 19 во штипската болница ја изгубило едно лица на 84 годишна возраст. Слободни се моментално десет кревети за ковид пациентите од кои седум на Инфективното одделение и три на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани хоспитализирани се 17 пациенти од кои осум се вакцинирани, а три се на кислороодна поддршка. Во последните 24 часа нема ново примени пациенти, а испишан е само едно. Нема регистрирано починати лица и слободни се десет кревети за ковид пациентите, информираат од кочанската болница,
Во Општините од Истокот моментално активни се 834 ковид случаи, од кои најмногу во Штип 264 и Кочани 230. Троцифрена е бројката и во Делчево односно таму активни се 111 ковид случаи. Двоцифрена е бројката во останатите општини од Истокот, освен во Пехчево каде има само седум позитивни корона пациенти.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.421.951 тестирањана КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467, бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.
Лаура Стојанова М-Нет