Слободни 236 легла во ДСД „Браќа Миладиновци“ Штип, од денес започнува конкурсот за студенти

За прв пат годинава најрано распишан конкурс на студенти во ДСД „Браќа Миладиновци“ во Штип, вели директорот Јордан Насев. Студентскиот дом располага со 236 легла, а истите се распоредени во 44 соби за спиење. Додаваат дека за студентите кои прв пат ќе се запишат на УГД – Штип има слободни 47, а за студентите кои се втора студиска година и погорните има 189 легла. Конкурсот започнува од денес и ќе трае до 31 јули, а за студентите кои ќе бидат прва година ќе биде во август односно сместувањето ќе биде во месец септември.

„Нашиот ДСД „Браќа Миладиновци“ од Штип располага со 236 слободни легла распоредени во 44 слободни соби за спиење. Од кои 47 легла се предвидени за бруцоши односно за студенти кои ќе се запишат за прв пат на УГД и за студенти од втора студиска година, тоа се 189 легла. Конкурсот започнува денес од 15 јули и ќе трае до 31 јули, за бруцушите ќе биде во месец август, односно сместувањето ќе биде во септември.“ – изјави Насев

Освен студентите во ДСД „Браќа Миладиновци“ во Штип можат да се сместат и средношколци кои се запишани во средните училишта во градот со место на живеење надвор од градот. Бројот на средношколци во однос на ланската година е зголемен за 10% од вкупниот број на пријави.

„Праксата покажува дека покрај студентите соогласно законот, ние можеме да сместуваме и средношколци кои се запишани во средните училишта во градот Штип, а со место на живеење надвор од општина Штип. Овој оглас траеше од 25 јуни до 10 јули. Денес ги однесовме документите во Скопје и имаме 179 ученика кои имаат уредна апликација и кои се бодирани и доплонително очекуваме околу сто студенти, а бројот ќе биде зголемен во однос за лани за околу 10 % од вкупниот број на пријави.

Директорот на државниот студентскиот дом „Браќа Миладиновци“, Насев посочи дека во месец јули и август започнуваат со припреми односно бојадисување, дезинфекција, дезинсекција и дератизација и останати поправки во делот на подобри услови на учениците и студентите во месец септемви и октомври.

Лаура Стојанова, М-Нет