Од денес започна забрана за движење во шуми и шумски земјишта, бидејќи ризикот за пожари е голем

Воведена забрана за движење во шумите од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнство. Забраната е воведена по барање на ЈП „Национални шуми“ од денес 15 јули во термин од шест наутро до 22 часот.

„Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат. За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.“ – велат од министерството


Забраната за движење во шумите и шумското население се дава согласно со член 57 став 3 од законот за шуми. Поради зголемената опасност и превенирањсе на појавата на шумски пожари на отворено.

Лаура Стојанова, М-Нет